ПОЧЕТНА НБА Солзите на Роуз ги засенија Кари и Леброн

Солзите на Роуз ги засенија Кари и Леброн

сподели
NBA

Некогаш најдобриот плејкмејкер не можеше да ги скрие емоциите, по личниот рекорд во натпреварот што може да значи негова реинкарнација. Минесота победи против Јута со 128:125, а тој беше несопирлив.

Дерик Роуз постигна 50 поени и за момент помисливме дека се врати МВП играчот од 2011-та, кој што потоа имаше многу проблеми со повредите и во дресовите на Њујорк и Кливленд, односно Јута.

Аплицирајте веднаш за

Лука Дончиќ влезе во соблекувалната на Далас со насмевка, иако неговата екипа загуби на гостувањето кај Лејкерс со 114:113. Леброн Џејмс имаше 29 поени, со 6 асистенции, 5 скока, 3 украдени топки и погодено слободно на 2.1 секунди до крајот.

Словенецот постигна 14 поени, со 7 асистенции и со 5 скока, а причината за насмевката беше дресот на Кралот, потпишан со автограм и со зборовите – Стреми се кон величественоста (мотото на Леброн Џејмс).

Стеф Кари постигна 37 поени за 6-тата редоследна победа на Голден Стејт и за негова 6-та средба сезонава со 30 или повеќе поени. Вориорс славеа против Њу Орлеанс Пеликанс со 131:121.

Кевин Дјурант постигна 24 поени, а Дрејмонд Грин имаше 16 поени, 15 скока и 8 асистенции. Грин акумулира 50 додавања на 5-те последни одиграни дуели, а на последната средба Вориорс имаа 39 асистенции.

Спенсер Динвиди постигна 25 поени во победата на Бруклин против Детроит, со 120:119, колку што имаше и Блејк Грифин кај поразените.

Никола Јокиќ реализира 22 поена во триумфот на Денвер против Чикаго, со 108:107 по продолжението, а на спротивната страна Зек Лавин имаше 28 поени.

Резултати на 1-ви ноември (ESPN)

Домантас Сабонис имаше 30 поени, на спротивната страна Хардавеј имаше 37, но сепак Индијана победи кај Њујорк со 101:107.

ДеМар ДеРозан реализира 25 поени во победата на Сан Антонио против Феникс со 90:120, кај домаќините најдобар стрелец беше Ворен со 21 поен.