ПОЧЕТНА Други лиги Соколи и ФМП остануваат без пораз на истокот, Ангели на врвот во...

Соколи и ФМП остануваат без пораз на истокот, Ангели на врвот во западната група

сподели

Екипите на Карпош Соколи и Академија ФМП имаат перфектни 7/0 и се единствените две во второрлигашката конкуренција, кои што се уште немаат забележано пораз во досегашниот тек од сезоната.

Втора лига, Исток (mkf.mk)

На источната страна, Борец Баскет е на врвот благодарение на бодовите освоени од 10 одиграни натпревари, со скор 6 победи и 4 порази.

Втота лига, Исток (mkf.mk)

На западната страна, екипата на Ангели останува на лидерската позиција со скор 8 победи и два пораза, но 10-то коло ја одбележа победата на ТНТ против Работнички.

Втора лига, Запад (mkf.mk)

Ангели немаа проблеми со Спорт Тим и се радуваа убедливо во 10-то коло, а во следната рунда ќе имаат тежок дуел со екипата на Хераклеа од Битоа, која што исто така има големи амбиции сезонава.

mkf.mk

Последното 11-то коло за 2018-та година е закажано за 22-ри декември, интересно ќе биде на Истокот каде што ќе се пресметат двете непоразени екипи, Карпош Соколи и Академија ФМП, што значи на крајот на годината во Втората лига ќе има само еден тим со максимален учинок.