ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Снајперистот ја ожнеа и оваа награда

Снајперистот ја ожнеа и оваа награда

сподели

Минатата сезона беше негова, со освојувањето на титулите во младинска и сениорска конкуренција со екипите на Работнички.

Виктор Ефремовски стана првиот со овие две награди и младинската МВП, во една сезона, а признанието од МКФ за најдобар млад кошаркар на 2018 му е круна на годината.

„Оваа награда им ја посветувам на моето семејство, на моите соиграчи и тренерот, без кои што немаше да бидам она што сум денес. Наградата ќе ја искористам како мотив за поголеми успеси.“ – рече Ефремовски.

Ефремовски е член на младинските репрезентации на Македонија и чука на вратата на сениорската репрезентација.

Аплицирајте веднаш за

Прашање на време е кога Ефремовски ќе го облече А националниот дрес, што во голема мера зависи од него и од начинот на кој што сака да му се одвива кариерата.

Познавајќи го како човек и како играч, веруваме во Виктор и го чекаме на големата сцена, и на клупско и на репрезентативно ниво.