ПОЧЕТНА Други лиги СЛУЧАЈ ФАЛСИФИКАТ: Санкциите за сторителите ќе бидат ригорозни и максимални?

СЛУЧАЈ ФАЛСИФИКАТ: Санкциите за сторителите ќе бидат ригорозни и максимални?

сподели
mkf.mk

Неофицијално дознаваме дека КФСМ ќе ги казни сторителите на нелегалните дела на завршниот турнир до 14 години, со максимални санкции.

Повторно неофицијално – ќе бидат казнети и тренерот, односно организаторот на турнирот, но и кошаркарите кои што настапиле под лажни лиценци.

mkf.mk

Титулата најверојатно ќе му биде доделена на Работнички, како поразен финалист, што било и најголемата дилема затоа што не било егзактно прецизирано во актите.

Ќе потсетиме, екипата на Дино Баскет го организира и победи на М14 турнирот во Кочани, настапи со играчи повозрасни од дозволеното, на што Работнички вложи жалба.

mkf.mk

Подоцна и поразениот полуфиналист Струмица, кој што играше со истата екипа (Дино Баскет) бараше поништување и преигрување на целиот турнир.

Шпекулираме со информација дека се појавиле и некакви финансиски неправилности. Повторуваме, ниту една информација од споменатите не е потврдена официјално, се додека КФСМ не објави официјални податоци.