ПОЧЕТНА Во позадина СЛУЧАЈОТ ОМИЌ: Србија поделена, се споменуваат и Македонците!

СЛУЧАЈОТ ОМИЌ: Србија поделена, се споменуваат и Македонците!

сподели
фото: BETA

Премиерката Ана Брнабиќ прва излезе со жестока реакција од официјалните лица на нашиот северен сосед, по повод транспарентот што го истакнаа Делије на кој што имаше наведено навреди кон најновото засилување на белградскиот клуб, Ален Омиќ.

„Ова не е вистинската слика за нашата земја. Мислам дека во Србија не е важно од која националност сте и од каде доаѓате. Тоа му дава грда слика на спортот. Јас се срамам од такви плакати и транспаренти.

Премиерката Брнабиќ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој што не крие дека е навивач на Црвена звезда.

Во Србија има 21 совет за националности и кај нас се зборува на 15 малцински јазици. Ние сме горди на тоа. Ваквите потези се гласот на малцинството.“ – се зборовите на Брнабиќ, а ги пренесува rtv.rs.

Најтврдото јадро на навивачката група Делије го навредуваше Омиќ, а дел од останатите навивачи на Црвена звезда уште на натпреварот му даде поддршка на словенечкиот интернационалец, со потекло од БиХ.

Група граѓани истакна контра транспарент пред споменикот на Кнез Михајло, историско обележје кое што е симбол на Белград и на Србија.

Свој став по ова прашање имаат и многу спортски легенди на ФК Црвена звезда, меѓу кои што ќе ги истакнеме шампионскиот тренер Љупко Петровиќ кој што е роден во БиХ и некогашниот функционер Владимир Цветковиќ.

„Ние треба да работиме на зближување, а не да ја одгледуваме омразата.“ – вели Петковиќ, а во позадина е Цветковиќ. Фотографијата е од шампионската сезона на Звезда, 1990/91.

Еден од архитектите на најголемиот успех на клупскиот спорт во поранешна Југославија, освојувањето на Купот на европските шампиони кој што е заштен знак на Црвена звезда, истакна дека без Хрватите и муслиманите не би се случило она што се случи во Бари 1991-та година:

„Сетете се на една од најубавите акции во историјата на Звезда, кога во (првиот полуфинален натпревар, 1:2 во) Минхен топката ја освои Белодедиќ (романски пасош), кој што му ја додаде на Хрватот Просинечки, овој на Србинот Биниќ и на крајот голот го постигна Македонецот Панчев. Навивачите да не ги мешаат политиката и спортот.“ – изјави Владимир Цветковиќ за Информер, а пренесува telegraf.rs.