ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Словенците добро ќе се продадат: Реал го бара Препелиќ

Словенците добро ќе се продадат: Реал го бара Препелиќ

сподели
FIBA

Престижниот шпански весник Марка јавува дека најтрофејната европска екипа се интересира за екстраталентираниот шутер на словенечката репрезентација, Клемен Препелиќ кој што во моментов има договор со францускиот прволигаш Левалоа Метрополитан Париз.

Според истиот извор, Кралскиот клуб ќе ги следи настапите на Словенецот до јануарскиот преоден рок, по што ќе се обиде да го доведе во своите редови на полусезоната или на крајот на натпреварувачката година.

Препелиќ беше едно од изненадувањата на европското првенство, на кое што Словенија го освои златниот медал, совладувајќи ја Србија во финалето, но и Шпанија, Франција и Летонија на патот кон најголемиот репрезентативен успех на оваа мала европска земја.