ПОЧЕТНА Во позадина Словенците го „истролаа“ легендарниот забивач, се смееше и Обрадовиќ

Словенците го „истролаа“ легендарниот забивач, се смееше и Обрадовиќ

сподели
rtvslo.si

Марко Милиќ беше еден од најспектакуларните забивачи на неговата генерација, односно воопшто во светот на белите играчи и во европската кошарка.

Словенецот остана запаметен по неверојатното забивање преку автомобил, пред 20 години, што беше прво такво нешто на стариот континент.

Аплицирајте веднаш за

На прошталната средба на Бечировиќ и Нахбар, организаторите донесоа мини-автомобил и му помогнаа на Милиќ да го повтори историскиот потег.

Сето ова беше во рамките на забавниот дел на овој натпревар, а кога ќе видите дека и „намуртениот“ Жељко Обрадовиќ се изнасмеа, јасно ви е дека поентата е постигната.

Популарниот Жоц важи за голем шегаџија, вон теренот, но и за еден од најстрогите тренери што ги видела кошарката, на паркетот.

Милиќ играше во Фенер 1998-та година, Обрадовиќ е тренер таму од 2013-та, нивните кошаркарски патишта никогаш не се вкрстија во ниту една европска екипа.