ПОЧЕТНА Европски првенства Словенија и Холандија ќе се борат за златото на Европското првенство

Словенија и Холандија ќе се борат за златото на Европското првенство

сподели

Селекциите на Словенија и Холандија идната година ќе учествуваат во А-дивизијата во конкуренција на кошаркари до 18 години, но во меѓувреме ќе одлучат која од нив ќе ја освои титулата на шампионатот во Скопје.

Во полуфиналните дуели, Словенците беа подобри од Белгија со 73:70, додека Холандија ја совлада Естонија со 79:68.

Ако од “змајчеки” се очекуваше да се вмешаат во борбата за врвот и беа едни од фаворитите за титулата, Холанѓаните се големо изненадување и освежување на првенството. Беа во група со Македонија и постојано во сенка на Израел и Чешка кои требаше да бидат на нивно место.

Аплицирајте веднаш за

Подеднакво интересно ќе биде во борбата за бронзениот медал за кој ќе се борат Естонија и Белгија. Третата позиција, освен место на пиедесталот, носи и пласман во А-дивизијата, заедно со Словенија и Холандија.

За жал, македонската репрезентација остана далеку од врвот и ќе игра против Швајцарија за 17. мсто на Европското првенство.