ПОЧЕТНА ЕВРОБАСКЕТ 2017 Словенија е нов европски шампион!

Словенија е нов европски шампион!

сподели

Словенија е 14. репрезентација во историјата што се закити со титулата европски шампион.

Во финалето од Еуробаскетот 2017, “змајчеки” ја совладаа Србија со и првпат го освоија златниот медал на континенталните натпреварувања. Без разлика на се, Словенија и Србија ја вратија вербата во кошарката бидејќи одиграа еден од најубавите и најатрактивни финални натпревари на Европските првенства.

Аплицирајте веднаш за

Иако сите словенечки кошаркари заслужуваат честитки за она што го покажаа на целиот шампионат, комплиментите одат на адреса на ветеранот Горан Драгиќ кој буквално сам ја однесе својата селекција до златото. Постигна 35 поени, седум скока и три асистенции за едно од најдобрите изданија во финалните натпревари досега. Дури и во моментите кога Словенците останаа без Лука Дончиќ, Драгиќ беше тука да го понесе товарот.

Клучен период во финалето беше втората четвртина која Словенија ја доби со 36:25. Српската репрезентација немаше одговор за Драгиќ кој од секоја позиција го полнеше противничкиот кош. Словенија направија серија од 11:0 и од минус еден дојде до предност од десет разлика (38:28). Најдобрата одбрана на првенството тотално потфрли, а покрај Драгиќ, тогаш се истакна и Препелиќ со две тројки и “змајчеки” со убедлива предност од девет разлика (56:47).

Се разбира, никој не очекуваше дека тука ќе биде крајот и дека Србија ќе се предаде без борба. На рака на избраниците на Ѓорѓевиќ им одеше и повредата на Лука Дончиќ на средината од третата четвртина по што Србија се доближи на само два поени негатива (67:69). Последниот период повторно почна во знакот на Словенците кои направија предност од пет разлика, но Србија не само што се врати, туку и поведе со 78:77. Се играше кош за кош до 82:82, а тогаш почна завршниот удар на Словенците.

Драгиќ веќе тотално падна, но тука беа Препелиќ и Рендолф, па Словенија отиде на +4 (86:82). Богдановиќ не успеа да врати и тука беше крајот за Србија.

“Орлите” го загубија третото финале во низа по оние на Светското првенство и Олимписките игри и по 16 години останаа без злато на континенталните натпреварувања. Словенија влезе во одбраното друштво на репрезентации кои триумфирале на Европско првенство без пораз.