ПОЧЕТНА НБА Словенецот мораше да биде пик број 1!

Словенецот мораше да биде пик број 1!

сподели
nba.com

Лука Дончиќ постигна 23 поени, во победата на Далас против Вашингтон со 119:110, со што беше прекината низата од 6 порази на Маверикс.

Со неговите одлични игри на стартот на новата натпреварувачка година, словенечкиот интернационалец (3) дополнително го загрева прашањето – кој требаше да биде избран прв на последниот драфт?

Вокер реализира 29 поени со 7 асистенции во триумфот на Шарлот против Атланта, со 113:102. Марвин Вилијамс додаде 20 поени за Хорнетс, кои што во серијата 4 меча одиграни дома ги победија Хокс, Кавалирс и Хит, а загубија од Оклахома Сити Тандер.

Аплицирајте веднаш за

Нетс се радуваа на гостувањето кај Феникс, со 82:104 и имаат 6/1 во скорот со франшизата од Аризона, откако се преселија од Џерси во Бруклин.

Карис ЛеВерт постигна 26 поени, Расел имаше 15, за третата победа на последните 4 натпревари, односно за осмиот пораз во последните 9 настапи на Санс.

МекКолум имаше 40 поени во победата на Портланд против Милвоки со 118:103, што е само втор пораз за Бакс на 10 одиграни меча сезонава.