ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Слободан Пејовиќ ќе го разигрува Кожув

Слободан Пејовиќ ќе го разигрува Кожув

сподели

Како што најави basketball.mk, гевгелискиот прволигаш го донесе и четвртиот странски кошаркар во составот.

Нов член на Кожув е црногорскиот интернационалец Слободан Пејовиќ, играч со големо искуство кој долги години настапува во странство.

Аплицирајте веднаш за

Игра на плејмејкерската позиција, а во својата кариера бил член на Приморка, Ловќен, Морнар, Слога Краљево, Тамиш, францускиот Орора де Витр и либискиот Радиасион.

За Кожув треба да биде големо засилување во борбата за што подобар пласман во домашното првенство и во БИБЛ лигата.

„Првпат во мојата кариера ќе играм во македонското првенство и очекувам тоа да биде многу убаво искуство во животот. Не знам многу за клупската кошарка овде, само два пати досега сум се сретнал со екипи од Македонија и тоа во БИБЛ лигата.

Но, знам дека Кожув има високи амбиции во новата сезона и со сите сили ќе се обидам да ги остварам. Тука е мојот сонародник Радуловиќ, како и српските интернационалци Пековиќ и Мишковиќ кои се одлични кошаркари и ќе ми помогнат во адаптацијата. Со нив имам играно и порано, се познаваме добро и мислам дека заедно можеме да направиме многу.

Главна цел е  влез во Суперлигата, потоа и во плеј-офот, а во БИБЛ лигата да стигнеме до завршницата. Од она што можев да го видам досега, Кожув има одлични кошаркари и пред се, квалитетни личности“, изјави Црногорецот за basketball.mk.

Кожув е во завршна фаза на подготовките за домашното првенство кое стартува на 6 октомври. Во првото коло гевгеличани гостуваат на жешкиот терен во Гостивар, а првиот меч во БИБЛ лигата го имаат на 16-ти идниот месец.