ПОЧЕТНА УЛЕБ Слатка одмазда на „македонскиот“ Монако

Слатка одмазда на „македонскиот“ Монако

сподели

Францускиот вицешампион предводен од нашиот тренерски тандем Филиповски-Митев и се одмазди на Црвена Звезда за поразот во првиот меѓусебен дуел во Еврокупот сезонава.

На домашен терен загуби со три разлика (63:66), но во Белград триумфираше со +16 (75:91). Клучот на поразот на Звезда беше лошата одбрана која по натпреварот ја потенцира и тренерот Милан Томиќ. Тоа беше случај и на претходниот дуел, против Улм на кој „црвено-белите“ примија 95 поени.

Во првиот дел и Монако беше слаб во одбраната, но во продолжение стави акцент на тој дел од играта и во вторите 20 минути прими само 30 поени. Натпреварот беше решен во третата четвртина која му припадна на францускиот претставник со 32:17.

Аплицирајте веднаш за

https://twitter.com/EuroCup/status/1062810877685047297

Поранешниот играч на Морнар, Дерек Нидам беше најефикасен со 21 поен, Кикановиќ додаде 17, а Лакомб и Утара по 16. Кај Звезда, само Берон и Регланд беа двоцифрени, првиот со 14, а вториот со 12 поени.

Со овој триумф Монако е многу блиску до обезбедување на првото место во групата А, бидејќи на три кола пред крајот има една победа повеќе од Звезда (од која е подобар во меѓусебните пресметки) и Андора со која треба реваншот треба да го игра во деветтото коло (првиот меч заврши 81:73 за Монако).