ПОЧЕТНА АБА СКРОМНИОТ БОЈИЌ: Денеска ми тргна мене, утре на некој друг…

СКРОМНИОТ БОЈИЌ: Денеска ми тргна мене, утре на некој друг…

сподели
фото: АБА

Заедно со Чавдар Костов од Работнички, Андрија Бојиќ конкурира за најдобар странец во македонската кошарка оваа сезона.

Блеска во домашното првенство, но блеска и во АБА 2 каде е меѓу носителите на играта на македонскиот вицешампион.

И досега беше одличен, но на гостувањето кај Хелиос го одигра својот најдобар натпревар во дресот на МЗТ Скопје. За речиси 38 минути на терен, постигна 35 поени, 11 скока, 1 асистенција и 2 блокади – убедливо најдобар ефект од сите во неговата екипа кои, за волја на вистината, не беа многу на овој натпревар.

Но, Бојиќ и претходно покажал дека е исклучително скромен и подреден на колективот, а не на личните перформанси. Затоа и сега не сака заслугите целосно да му припаднат нему.

„Ростерот ни беше намален, недостасуваа четворица кошаркари и моравме ние останатите да го преземеме товарот на свои плеќи. Денеска ми тргна мене, утре ќе му тргне на некој друг, таква е кошарката, најважни се победите.

фото: АБА

Најважно е да останеме со ладни глави по двете победи на гостински терен бидејќи уште ништо не е завршено. Мислам дека МЗТ Скопје расте на секој натпревар и дека ќе продолжиме со овие добри партии.

Би сакал да им честитам на моите соиграчи на лавовската борба, тие се херои“, изјави Бојиќ за basketball.mk.

И во следното коло МЗТ Скопје игра на гостински терен, против Борац во Чачак кој сезонава не игра како минатата.