ПОЧЕТНА Некатегоризирана СКАПИОТ РИБРЕЈК: Вориорс намалија на 2:3, Дјурант повторно се повреди

СКАПИОТ РИБРЕЈК: Вориорс намалија на 2:3, Дјурант повторно се повреди

сподели
фото: Warriors

Шампионот нема лесно да се откаже од престолот, победи во Торонто со 105:106 и ја врати финалата серија дома. Но, повторно остана без Ол-Стар играчот, за кого се верува дека има повреда на ахиловата тетива.

Кари постигна 31 поен, Томпсон имаше 26, Казинс реализира 14, Дјурант имаше 11 пред да се повреди, Грин 8 поени со 8 асистенции и 10 скока. Кави Ленард постигна 26 поени, но беше спречен да го изведе последниот шут на мечот.

Финалето се враќа во Оукленд, до крајот има уште два можни натпревара. Ако двојниот првак изедначи на 3:3, титулата ќе се решава во Торонто, затоа што Репторс имаа подобар скор од Вориорс во регуларниот дел на сезоната.