ПОЧЕТНА Избор на уредникот СКАНДАЛ: Тројца наши судии и делегат во бермудски триаголник

СКАНДАЛ: Тројца наши судии и делегат во бермудски триаголник

сподели

Огромен скандал се случи во младинската кошаркарска лига за играчи до 18 години.

Во Градски парк требаше да играат Работнички и Партизан Мулти Шпед, двете екипи се појавија на теренот, но не и оние кои требаше да го водат натпреварот. Причината бизарна: натпреварот е закажан пред десет дена, а не се делегирани арбитри и делегат.

„Ова е срам за младинската кошарка. Натпреварот е закажан пред десет дена, а Комесарот за натпреварување заборавил (или можеби причината е некоја друга) да испрати судии и делегат.

Во текот на вчерашниот ден се обидовме да стапиме во контакт со него, ѕвоневме на неговиот мобилен телефон, кој, патем, го плаќаме ние клубовите, но не успеавме да го добиеме иако тој би требало да ни е на располагање 24 часа. Бараме одговорност за ова”, изјави за basketball.mk тренерот на младинската екипа на Партизан Мулти Шпед и спортски директор на клубот Тони Симиќ.

Претседателот на клубот Горан Андреевски се надоврза на проблемите со кои се соочуваат екипите во младинските лиги.

„Ова не е првпат да имаме ваква дисхармонија во комуникацијата со надлежните кошаркарски фактори. Пред два дена во рамките на М16 лигата добивме известување да се појавиме на натпревар кој треба да се игра неполни 24 часа подоцна.

И не само тоа. Противникот има два заостанати натпревари и не смееше да се дозволи да го игра дуелот против нас пред да ги одигра одложените бидејќи тоа е спротивно на пропозициите и автоматски го прави првенството нерегуларно“, изјави Андреевски.

Аплицирајте веднаш за

Сето ова наведува на заклучок дека комесарот, судиите и делегатот се загубени во бермудскиот триаголник распространет меѓу преоптовареноста (комесарот се грижи за сите лиги што е исклучително тешко), непрофесионалноста (тоа не му е професионален ангажман) и лошата комуникација меѓу субјектите во кошарката.

За жал, од тоа најмногу страдаат младите играчи кои живеат за моменти како денешниот натпревар.

НАПОМЕНА: Судиите на насловната фотографија, која што е од нашата архива, не се поврзани со денешниот настан!