ПОЧЕТНА Во позадина Скандал во Романија: Александар Тодоров сведок на најдолгата четвртина во историјата

Скандал во Романија: Александар Тодоров сведок на најдолгата четвртина во историјата

сподели
фото: totalbaschet.ro

Светски рекорд е поставен на натпреварот од романското првенство меѓу Питешти и Крајова чиј тренер е поранешниот предводник на МЗТ Скопје.

Според извештаите на тамошните медиуму, третата четвртина од овој меч траела 13 минути и 32 секунди активна игра што не е забележано досега бидејќи дури и во НБА лигата четвртините траат 12 минути.

фото: totalbaschet.ro

При резултат 53:49 за домашниот тим, на семафорот пишувало дека остануваат да се играат уште 3 минути и 14 секунди од третиот период. Неколку секунди подоцна, времето било помесетно на 6:48. Од Крајова реагирале на ова, но официјалните лица, вклучувајќи го и делегатот одлучиле да се продолжи со игра.

Аплицирајте веднаш за

Токму поради пролонгирањето, во третата четвртина биле постигнати 73 поени (39:34 за Питешти). На крајот домаќините славеа со 96:92 нанесувајќи му го на тимот на Тодоров третиот пораз во последните четири натпревари.