ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА: На МЗТ му припаѓаат последните години, но Работнички...

СИТЕ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА: На МЗТ му припаѓаат последните години, но Работнички е далеку напред

сподели
mkf.mk

Дури 22 од вкупно 27 титули по осамостојувањето на Македонија, освоија скопските гиганти, од Градски парк и од Аеродром.

Металците имаат 7/8 последниве 8 сезони, а Работнички по петти пат загуби во финале, но и натаму е убедливо најтрофеен во домашното првенство со 15 титули.

Во меѓусебниот скор во финалињата е 7:2 за центарци, во нашето вечно дерби. Повеќе од една титула има само уште Фени Индустри од Кавадарци (3), а по една Николферт од Гостивар и Струмица.

ФИНАЛНИ СЕРИИ ВО МАКЕДОНСКОТО ПРВЕНСТВО
1993 Работнички - МЗТ Скопје 3:0
1994 Работнички - Кочани Деликатес 3:2
1995 Работнички - Кочани Деликатес 3:2
1996 Работнички - МЗТ Скопје 3:0
1997 Работнички - Жито Вардар 4:1
1998 Работнички - МЗТ Скопје 3:2
1999 Работнички - МЗТ Скопје 3:2
2000 Николферт - Работнички 3:2
2001 Работнички - МЗТ Скопје 3:0
2002 Работнички - Куманово 4:2
2003 Работнички - Поло Трејд 4:0
2004 Работнички - МЗТ Скопје 4:1
2005 Работнички - Вардар 4:2
2006 Работнички - Вардар 4:1
2007 Струмица 2005 - Работнички 4:1
2008 Фени Индустри - Струмица 4:3
2009 Работнички - Фени Индустри 4:2
2010 Фени Индустри - Вардар Осигурување 4:3
2011 Фени Индустри - Работнички 4:1
2012 МЗТ Скопје - Фени Индустри 4:1
2013 МЗТ Скопје - Кожув 4:0
2014 МЗТ Скопје - Работнички 3:1
2015 МЗТ Скопје - Куманово 3:0
2016 МЗТ Скопје - Куманово 3:1
2017 МЗТ Скопје - Карпош Соколи 3:2
2018 Работнички - МЗТ Скопје 3:0
2019 МЗТ Скопје - Работнички 3:0