ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сите му ќутеа, ги строеше ко мали деца!

Сите му ќутеа, ги строеше ко мали деца!

сподели

На хуманитарната средба меѓу ѕвездите на Работнички и сегашните првотимци, Лазар Лечиќ ги предводеше легендите на црвено белите, меѓу кои што беа дел од најславните имиња од поновата историја на македонската кошарка.

Сите граѓани кои сакаат, можат да донираат на жиро сметката 320500027414994 Централна Кооперативна Банка АД Скопје, со назнака донација за Ирена Танчева, како и на телефонските броеви 070143115 (Т-Мобиле) и 143500 (ВИП/Оне). Ирена е мајка на две деца и мора да се оперира во Русија.

Аплицирајте веднаш за

Лазо Грк е еден и единствен. Таква личност, во нашата кошарка, нема да се повтори. Луциден, шегобиец, стручњак, инспиративен лик, успешен, уникатен.

Во него се уште тлее страста за кошарката и тој оган во него никогаш нема да згасне. Се уште ги има истите потези, се уште го користи истиот вокабулар, се уште е тренерот на кој што му се поклонуваа и поранешна Југославија и Европа.

Лечиќ е еден од основоположниците, односно најголемиот виновник за постоењето на македонската кошаркарска школа, која што во границите на поранешна СФРЈ беше ценета и успешна, а македонските клубови играа битна улога на домашната и на европската сцена во 70-те и 80-те години на минатиот век.

Освен кај нас, популарниот Лазо ги учеше кошарка и Грците, па затоа и го доби прекарот Грк. Битен дел од неговиот кошаркарски опус, беа младинските школи што тој ги формира и во нашата земја и кај јужниот сосед.

Лазар Лечиќ (79) беше дел од стручниот штаб на југословенската селекција, кога поранешната заедничка држава го освои првиот златен медал, на СП 1970-та година во Љубљана.

Лазо и компанија ја запалија кошаркарската локомотива на овие простори, која што никогаш не сопре и е една од двете, заедно со американската, која што долги години го диктира темпото во светски рамки.