ПОЧЕТНА Во позадина Синот на поранешниот капитен игра и навива за Работнички

Синот на поранешниот капитен игра и навива за Работнички

сподели

Црвено-белите немаат посериозен успех на полето – производство на млади таленти – последниве две децении, но тоа е генерален проблем на нашата кошарка, на сите клубови во Македонија.

За некого несфатливо, нашите колективи се ориентираа на трошење пари на странци со сомнителен квалитет (со секоја чест на исклучоците), наместо на производство на играчи од сопствените погони.

Производството на свој кадар е најдобро затоа што публиката има со кого да се поистоветува, е бесплатно затоа што скоро воопшто не се трошат средства и со платата на еден странец ќе „испили“ цела една генерација, а што е најважно е корисно за клубот, за младите и за општеството.

Синот на некогашниот капитен на Работнички, Енес Хаџибулилќ игра за Работнички, но тој е голман во младинската школа на фудбалскиот клуб со ова име.

Амар и Енес Хаџибулиќ

Сепак, црвено-белата боја им е во срцето и малиот Амар, заедно со својот татко, редовно доаѓа на натпреварите на кошаркарската екипа.