ПОЧЕТНА АБА СИМОНОВСКИ: Овој МЗТ е екипа, пред се!!!

СИМОНОВСКИ: Овој МЗТ е екипа, пред се!!!

сподели
Плеј-офот против Приморска заврши 3:0 за словенечката екипа, ова е втора и последна шанса за МЗТ Скопје (фото: МЗТ Скопје).

Македонскиот вицепрвак поминува низ пеколен дел од сезоната, кога игра интензивно на два фронта – во плеј-офот во АБА лигата каде што се пласира во финалето и во завршницата од регуларниот дел на македонската сезона каде што се бори за врвот, а го чека и завршниот турнир во Купот.

„Со задоволство можам да изјавам дека нашата екипа е пред се екипа, во која што поединци имаат свои моменти, но игра и победува колективот. Тоа се гледа особено во овој тежок период за нас, кога имаме многу натпревари.

Аеродромци успеаја да ја остварат првата цел во тековната сезона, а тоа е пласман во финалето на АБА2, од каде што победникот оди во АБА, а финалистот ќе игра плеј-оф со Задар (последнопласираната екипа од регуларниот дел, во премиерното јадранско натпреварување).

На секој меч, отскокнува едно, па друго, па трето име, кое што само го води тимот кој што досега има успешна сезона. Ова е голем успех за нас, но нема да застанеме тука. Одиме со полна пареа да победиме и во финалната серија.

Екипата на Приморска немаше проблеми со Борац ниту во Чачак, победи со чисти 2:0 (фото: Borac, Dusko Radisic).

Во македонскиот шампионат е рано да се размислува за крајнта цел, за Купот (кој што беше одложен, па ќе се игра од 12-ти до 14-ти април) плановите беа направени одамна, а Приморска славеше против Борац со 2:0 (78:59, 69:73) во другото полуфинале во АБА2 и ќе биде следниот противник на аеродромци.

Ја очекувавме екипата на Приморска, од која што претрпевме два несреќни пораза во рагуларниот дел. Време е за реванш, мислам дека можеме да победиме барем во еден натпревар на гостински терен, па потоа дома да го комплетираме посакуваното.“ – изјави Марко Симоновски, за basketball.mk.

Финалната серија во АБА2 се игра на 1-ви, 2-ри, 4-ти, 5-ти и 8-ми април. Максималниот број мечеви е 5, се игра прв до три победи, предност домашен терен ќе има словенечката екипа.