ПОЧЕТНА Други репрезентации Симке седнува на селекторска позиција

Симке седнува на селекторска позиција

сподели
Тони Симиќ

Нашиот поранешен кошаркар кој што настапуваше за Работнички, МЗТ Скопје и други наши екипи, ќе биде новиот предводник на репрезентацијата на Македонија, во категорија до 18 години.

Тони Симиќ има одлични успеси со оваа генерација во клубот каде што работи како тренер, Партизан Мултишпед, што беше добра препорака за новото раководство на КФСМ, да направи рокада на позицијата предводник на овој национален тим.

Новото раководство на Федерацијата најавува промени скоро на сите селекторски позиции, откако ќе биде конституиран и откако ќе почне да функционира новиот Управен Одбор на нашата кошаркарска организација.