ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СИМИЌ И АНТИЌ: Идниот и поранешниот НБА играч се сретнаа во Белград

СИМИЌ И АНТИЌ: Идниот и поранешниот НБА играч се сретнаа во Белград

сподели
Перо Антиќ и Марио Симиќ

Нашата идна ѕвезда, се надеваме, помладиот син на Тони Симиќ, се сретна со својот идол Перо Антиќ, додека беше на турнир во српската престолнина.

Марио Симиќ (2008) има одлични кошаркарски предиспозиции, неговиот татко беше поранешен кошаркар на Работнички и на МЗТ Скопје (сега работи во школата Водно Санс), а на неговиот брат Теодор Симиќ за кој што се заинтересирани многу европски гиганти, му се предвидува блескава кариера.