ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СИМИЌ: За титулата ќе играат екипи со изедначен квалитет, нијансите ќе го...

СИМИЌ: За титулата ќе играат екипи со изедначен квалитет, нијансите ќе го решат победникот

сподели

Составот на Партизан Водно Санс, предводен од нашиот поранешен прославен кошаркар Тони Симиќ, очекувано се пласира во мечот за трофејот во младинската конкуренција до 18 години во нашата машка кошарка.

Во полуфиналето беше совладана екипата на Феникс, а во финалето ќе се соочи со екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Партизан Водно Санс беше лидер по регуларниот дел од првенството.

„Игравме тежок меч со Феникс, затоа што одигравме четири натпревари во последните 5 дена. Почнавме добро, очекувавме да има падови во играта, што е нормално за еден таков битен натпревар.

Играчите сепак беа многу мотивирани, се кренаа над ситуацијата и извојуваа битна победа, покажавме карактер и заслужено сме во финалето.

Таму не чека МЗТ Скопје, состав што е изедначен по квалитет со нашиот. Иако победивме на сите три меѓусебни мечеви, сепак решаваа нијанси. Така ќе биде и во финалниот дуел.

Одбраната и мотивираноста ќе бидат пресудни. Посакувам фер и коректен дуел, подобриот на крајот нека се радува.“

Натпреварот меѓу Партизан Водно Санс и МЗТ Скопје Аеродром, се игра од 21 часот во салата Градски парк во Скопје.