ПОЧЕТНА Избор на уредникот Сизиф во одората на Работнички

Сизиф во одората на Работнички

сподели

Нашата најтрофејна екипа имаше трбулентен период, во кој што забележа одлични резултати, освои една од планираните две титули, но регистрира и неколку „административни“ порази.

Работнички е совојувач на Купот на РМ 2019, каде што најчесно покажа дека е најдобрата екипа во моментов во нашата земја, победувајќи ги МЗТ Скопје по драмата во 1/2 финалето и Блокотехна во финалето.

10-тиот Куп во витрините на Работнички – рекорд (mkf.mk).

Пред завршниот турнир во Гевгелија беа најавени две огромни засилувања, кои што требаше да послужат како поткрепа на веќе добро-составениот ростер, одлично избалансиран на сите позиции, онолку колку што треба.

Следуваше одлуката на Регистрациската, потврдена од Арбитражната комисија, дека за еден од Американците, поднесената документација не е комплетна, поради што Ксавиер Џонсон нема да може да игра за центарци. Вашингтон има македонски пасош и за него нема никакви пречки, тој веќе игра.

USA Today

Не навлегуваме во тоа кој што направил и каков потег повлекол, затоа што со тоа треба да се занимаваат институциите кои што го имаат последниот збор, но велиме дека неиграњето на американскиот интернационалец е ОГРОМНА ШТЕТА за љубителите на македонската кошарка – тоа е играч каков што ретко се гледа во опкружување како нашево.

Работнички остана и без својата сала, домот во кој што години наназад освојуваше трофеи и победуваше секого, храмот каде што не се изнаиграле и најсилните европски и оние вистинските југословенски екипи, од минатото.

Комисијата за инспекција на салите, утврди дека таму не постојат услови за модерна кошарка и дека Работнички не ги испочитувал наведените исправки што требало да се направат во одреден рок.

Последниот пораз на гостувањето во Гостивар, со 80:70 од домашната екипа која што играше без Бојан Трајковски, значеше изедначување на скорот со МЗТ Скопје – по 19 победи и 3 порази – и само поради подобрата вкупна кош разлика, дебармаалската екипа моментално е прва (има послаб меѓусебен скор, -2).

По натпреварот, тренерот Марин Докузовски ни изјави дека Работнички сезонава останува без домашен терен, поради суспензијата на Градски парк, поради што конечниот поредок на врвот и нема да игра којзнае каква улога.

Гостивар повеќе ја сакаше победата …

Знаејќи ја нашата кошаркарска историја, Работнички бил исправен и пред многу поголеми предизвици од овој, односно од овие. Најважно од се, во кошарката, не е она што ќе се случува во кулоарите, туку она што ќе се случува на терените.

Пред нашиот најтрофеен колектив стојат сизифовски задачи, на сите полиња. На крајот на денот, во историјата остануваат и се бројат само резултатите, а овој Работнички, има потенцијал за големи дострели.