ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се средуваат проблемите во Кожув, против АВ Охрид комплетен

Се средуваат проблемите во Кожув, против АВ Охрид комплетен

сподели
Тренерот Павле Николов допрва очекува неговиот тим да влезе во форма

Несреќен пораз доживеа најстариот гевгелиски кошаркарски клуб во првото коло од новата сезона во македонското првенство.

На секогаш жешкиот терен во Гостивар, Кожув загуби со само еден поен разлика и тоа поради своја грешка во последниот напад.

Но, којзнае како ќе завршеше тој натпревар ако поранешниот вицешампион не се соочеше со проблеми пред и на стартот од новата сезона. Во текот на подготовките се повреди Пековиќ, потоа Мишковиќ имаше труење, па и тој се повреди, а пред дуелот со Гостивар не стигна ни сертификатот од Либија за црногорскиот интернационалец Слободан Пејовиќ.

Несреќниот пораз во Гостивар уште повеќе ги мотивира кошаркарите на Кожув
Аплицирајте веднаш за

На сето ова му се гледа крајот бидејќи повредените играчи се рехабилитираа, а во второто коло, ако нема други проблеми, се очекува да игра и Пејовиќ.

„Против Гостивар игравме ослабени, без Мишковиќ и Пејовиќ и тие многу недостасуваа во нашата игра. Натпреварот беше мошне цврст, а заврши несреќно иако имавме услови да направиме изненадување.

Мораме што побрзо да го заборавиме тоа, сезоната тукушто почна и се надевам дека ќе прикажеме уште подобри игри како што ќе одминува.

Слободан Пејовиќ е подготвен за игра, се чека само сертификатот

Не очекува дуел против АВ Охрид на домашен терен, прв за нас оваа сезона пред нашите навивачи. Сакам да ги повикам нашите навивачи и сите љубители на кошарката во Гевгелија да дојдат во што поголем број и да направат уште еден спектакл“, изјави за basketball.mk, предводникот на Кожув, Павле Николов кој поради административни причини не можеше да го води својот тим во првото коло.

Натпреварот против АВ Охрид може да биде генерална проба за Кожув пред стартот на БИБЛ лигата. Според распоредот, во првото коло, на 16 октомври, во Гевгелија треба да гостува Приштина. Косовскиот тим прво го одложи мечот за 10 декември, но деновиве испрати меил дека е можно, сепак, овој дуел да се игра во првично одредениот термин.

Ако, сепак, не се случи тоа, своето деби оваа сезона во регионалното натпреварување, гевгеличани ќе го имаат на 24 октомври кај Берое.