ПОЧЕТНА НБА Се случи и тоа: Лејкерс останаа без тренер!

Се случи и тоа: Лејкерс останаа без тренер!

сподели

Не е големо изненадување тоа што Лук Волтон повеќе не е предводник на тимот од Лос Анџелес.

Такво нешто се очекуваше и во текот на сезоната, но тренерот кој ги водеше Лејкерс последните три години успеа некако да ја заврши натпреварувачката кампања. Отказот го доби два дена по последниот натпревар.

„Сакаме да му се заблагодариме на Лук за се што направи во претходните три години. Му посакуваме многу успех во натамошниот дел од кариерата“, изјави генералниот менаџер на Лејкерс, Роб Пелинка.

Волтон и шеста сезона по ред не успеа да го однесе тимот во разигрувањето за титулата во НБА лигата. Основниот дел го заврши со биланс од 37 победи и 45 порази и покрај тоа што во составот го имаше Леброн Џејмс. Во трите години како тренер ги водеше Лејкерс на вкупно 246 натпревари на кои оствари 98 победи и 148 порази.

Како најсериозен кандидат за негов наследник се спомнува поранешниот тренер на Кливленд Кавалирс, Тајрон Лу.