ПОЧЕТНА Во позадина Се сеќавате ли на времињата, некогаш трибината беше надвисната…

Се сеќавате ли на времињата, некогаш трибината беше надвисната…

сподели

Љубителите на кошарката во Македонија се уште помнат, кога салата „Градски парк“ беше премала, да ги прими сите кои што сакаа да гледаат еден натпревар на КК Работнички.

И не беше тоа така одамна, пред 15-тина години центарот на Скопје се тресеше тие два часа, кога црвено-белите газаеа се пред себе и освојуваа титули.

Просекот во кој што потона најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, го направи своето. На мечевите на Работнички, со исклучок на вечното дерби, па и тогаш, во сала се само оние кои што дишат со и за кошарката, а кај нас ги има мнооогу малку.

Култот за Работнички нема никогаш да умре, ќе живее се додека постои и една душа што се сеќава на тие 14 титули, последната 2009-та, но навиките се менуваат и оние што следат спорт сакаат победи, титули, квалитетни екипи, да дојдат и да ги гледаат во живо, од трибините, па и да платат билет.

Сепак, ако до некаде има оправдување за обичната публика, тогаш барем трибината каде што се најверните, не смее да зјае празна.

Од тие неколку редови, во минатото, почнуваше се…