ПОЧЕТНА АБА СЕ ОЧЕКУВА СПЕКТАКУЛАРНА СЕЗОНА: Останаа уште три билети за Евролига

СЕ ОЧЕКУВА СПЕКТАКУЛАРНА СЕЗОНА: Останаа уште три билети за Евролига

сподели
фото: Crvena zvezda mts

Регионалниот шампион Црвена звезда, по пауза од една година се врати во елитното европско натпреварување, каде што последната сезона имаше неверојатна низа од 7 победи против европските гиганти и каде што нејзините навивачи на секој меч ја надласуваа(т) химната.

Со победата против Будуќност, белградската екипа се врати во Евролига на сметка на противникот во финалето, каде што се натпреваруваше претходните три сезони, а минатата играше во УЛЕБ Купот.

Остануваат уште три празни места, да се комплетира составот на Евролига, за следната сезона:

1. Победник во ВТБ лигата
2. Победник во Бундеслигата
3. Вајлд-карта

фото: Crvena zvezda mts

Шампионот во регионалната ВТБ лига ќе биде познат во јуни, шампионот на Германија ќе биде познат на крајот на мај или во јуни, во зависност од бројот на мечевите во плеј-офот, а вајлд-картата ќе му биде доделена на тим што ќе го избере Евролига, како најпогоден за друштвото на најдобрите европски екипи.

Со оглед на начинот на кој што делиите ја бодреа својата екипа во претходните сезони, особено во последната во Евролига (2017/18), може само да претпоставиме што ќе се случува на натпреварите на Црвена звезда, а ако успее Партизан да ја добие вајлд-картата, е тоа ќе биде пекол…