ПОЧЕТНА АБА СЕ МЕНУВА ИСТОРИЈАТА: Прв странски тренер на клупата на Партизан

СЕ МЕНУВА ИСТОРИЈАТА: Прв странски тренер на клупата на Партизан

сподели

Уште нема официјална информација од клубот, но Андреа Тринкјери треба да биде нов тренер на поранешниот европски шампион.

Тоа го објавија српските медиуми, но најдобрата потврда стигна лично од италијанскиот стручњак.

На својот профил на Твитер, тој го стави логото на Партизан, како и фотографија од атмосфера на натпревар на домашен терен на белградскиот клуб. Навивачите тоа го прифатија со задоволство и со нетрпение го очекуваат дебито на новиот тренер.

Аплицирајте веднаш за

Тоа треба да се случи викендов во Сремска Митровица, на гостувањето кај непоразениот во АБА лигата, Мега Бемакс. Првиот меч на Тринкјери доаѓа во период кога Партизан е во серија од шест порази во сите натпреварувања, со разнишана самодоверба и катастрофална атмосфера.

Последниот во низата дојде во Еврокупот каде „црно-белите“ загубија од Турк Телеком и останаа на петтото место на табелата во својата група.

Во 73-годишната историја на белградскиот клуб кој има 21 титула во домашното првенство, 14 во националниот куп, 6 во АБА лигата, 3 во Купот „Радивој Кораќ“ и еден во Купот на европските шампиони (сегашна Евролига), никогаш не се случило на клупата да седи странски тренер. Тринкјери ќе биде првиот.