ПОЧЕТНА Балкански лиги Се зголемува српската колонија во Фенербахче!?

Се зголемува српската колонија во Фенербахче!?

сподели

По само една година во НБА лигата, Милош Теодосиќ летово би можел да се врати во европската кошарка.

Лос Анџелес Клиперс има опција до 15 јули да го откупи неговиот договор за 2,1 милиона долари или да го задржи уште една година и да му плати 6,3 милиони. Се погласни се информациите за раскин на соработката бидејќи Теодосиќ во првата сезона во НБА не одигра на очекуваното ниво за што, меѓу другото, виновни се и честите повреди.

Ако Клиперс одлучат да се разделат со него, следна дестинација на еден од најдобрите европски плејмејкери најверојатно ќе биде Истанбул и тимот на Фенербахче.

Аплицирајте веднаш за

Турскиот првак е еден од ретките кои можат да ги исполнат високите финансиски барања на Теодосиќ, а Жељко Обрадовиќ можеби најдобро ги познава неговите квалитети и знае како да ги искористи.

Ако трансферот се оствари, Теодосиќ ќе биде шести Србин во редовите на Фенербахче, трет во играчкиот кадар. Членови на „жолто-црните“ се Никола Калиниќ и Марко Гудуриќ, а во стручниот штаб на обрадовиќ се уште неговиот помошник Владимир Андроиќ и кондицискиот тренер Предраг Зимоњиќ.