ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се е подготвено за славје во Аеродром

Се е подготвено за славје во Аеродром

сподели

По пауза од една година МЗТ Скопје ги има сите услови да ја врати доминацијата во домашното првенство.

Води со 2:0, игра на домашен терен во третиот меч, а противникот се мачи со повреди и замор во овој дел од сезоната. Со ваков однос на силите ќе биде чудо МЗТ Скопје да не ја заврши серијата по само три натпревари.

Работнички е со само седуммина здрави кошаркари, по Кирил Николовски во основниот дел, во финалето се повредија уште Димитар Караџовски и Димитар Мираковски. Резултатите во полуфиналето со Блокотехна и во првиот меч со МЗТ Скопје не најавуваат дека најтрофејниот кошаркарски колектив во земјава има сила да ја загрози титулата на својот најголем ривал без оглед на желбата скапо да се продаде кожата.

Пред само пет дена во „Јане Сандански“ аеродромци славеа со 80:44. вториот меч беше многу понеизвесен, но впечаток е дека беше крајниот лимит на Работнички.

Натпреварот се игра од 20:15 часот на теренот на МЗТ Скопје, Аеродром е подготвен да јс прослави седмата шампионска титула на својот заштитен знак.