ПОЧЕТНА Избор на уредникот Се врати времето во „Јане Сандански“: Војновиќ и Стефанов го предводеа МЗТ…...

Се врати времето во „Јане Сандански“: Војновиќ и Стефанов го предводеа МЗТ… до титула (ВИДЕО)

сподели
фото: http://mztskopjeaerodrom.mk/

Екипата на МЗТ Скопје до 12 години е нов шампион на Македонија во својата конкуренција.

Попладнево, во финалето, “штрковите” беа подобри од тимот на Дино Баскет со 42:34 во меч кој го одбележаа инциденти на трибините каде се степаа родители на играчите на двата тима. Интересно е тоа што тимот на МЗТ Скопје го предводеа синовите на две поранешни ѕвезди на “аеродромци” – Врбица Стефанов и Ѓорѓе Војновиќ.

фото: http://mztskopjeaerodrom.mk/

Синот на Врба, Рубин беше најефикасен со 26 поени поради што е избран за МВП на завршниот турнир. Помладиот Војновиќ – Тео заврши со 16 поени, но како капитен го подигна пехарот за шампионската екипа.