ПОЧЕТНА Куп на РМ Се вративме 15 години назад, МЗТ и Работнички пак се израмнети

Се вративме 15 години назад, МЗТ и Работнички пак се израмнети

сподели
фото: mkf.mk

Минатата деценија ја одбележа Работнички со четири титули по ред, но оваа му припаѓа на МЗТ Скопје без разлика што ќе се случува во следните две години во Купот на Македонија

Шампионот веќе има пет триумфи во ова натпреварување во последните седум сезони. Со тоа се израмни со Работнички, па сега двете екипи имаат по девет пехари во Купот.

По ова, се вративме деценија ипол назад, односно во 2003 година кога Работнички и МЗТ Скопје последен пат беа израмнети по бројот на трофеи во ова натпреварување, тогаш со по четири. Во следните три сезони Работнички триумфираше и му избега на својот градски ривал кој 12 години ја чекаше титулата.

Аплицирајте веднаш за

Но, МЗТ Скопје во еден период беше и во водство кога станува збор за трофеите во Купот. Со онаа победа во 2000 година благодарение на кошот на Димче Гаштарски во последната секунда, “металците” тогаш поведоа со 4-3.

ОСВОЈУВАЧИ НА ТИТУЛИ ВО КУПОТ
Работнички 9
МЗТ Скопје 9
Фени Индустри 2
Николферт 2
Вардар 1
Кочани Деликатес 1
Карпош Соколи 1
Амак СП 1