ПОЧЕТНА Во позадина СЕЌАВАЊЕ: Денот кога СИТЕ плачеа

СЕЌАВАЊЕ: Денот кога СИТЕ плачеа

сподели

Пред 26 години, кошарката на овие простори го загуби кошаркарскиот Моцарт, за кого и на ден денешен се вели дека е најдобриот југословенски играч на сите времиња, а споредбите одат дотаму што се вели дека му нема рамен ниту меѓу играчите со бела боја на кожата.

Дражен Петровиќ (28) го загуби животот на 7-ми јуни 1993-та година, во сообраќајна несреќа во Германија. Враќајќи се од квалификациски меч (Хрватска) од Полска, неговата девојка била возачот, а тој бил на совозачкото седиште. Наместо со колегите со авион, решил да патува дома со автомобил.

Slobodna Dalmacija

Никогаш не се врати, да ја дораскаже епската кошаркарска приказна што ја почна, за која што ќе се зборува и во многу преданија што ќе следуваат. Ова се само неколу реда посветни на легендарниот Дражен, кој што и во тие бурни времиња, во тој еден трагичен ден, ги обедини сите луѓе на Балканот.