ПОЧЕТНА Интернационалци СЕНЗАЦИЈА НА РАЈКОВИЌ: Не играат имињата, туку срцето

СЕНЗАЦИЈА НА РАЈКОВИЌ: Не играат имињата, туку срцето

сподели
VTB league

Астана на Емил Рајковиќ со спектакуларен камбек го победи рускиот претставник во ВТБ лигата, Зенит со 93:91.

По негатива од 19 поени на 5 минути до крајот на третиот период, казахстанскиот претставник постигна 48 поени во последните 15 минути.

Во вториот дел од третиот период, прва ѕвезда на мечот беше Ентони Клемонс, кој што реализира 13 поени за 5 минути, 18 во второто полувреме, а на крајот имаше 26 поени со 10 асистенции.

Аплицирајте веднаш за

Со оваа победа, екипата на нашиот тренер има скор 2/1 и се изедначи на четвртата позиција со Локомотив Кубан, а Зенит се уште нема победа во новата регионална сезона.

„Им благодарам на сите мои играчи, покажавме карактер и им подаривме на нашите навивачи една убава победа.

VTB league

И покрај огромната негатива, верувавме дека може да победиме и тоа се случи. Им честитам на сите.“ – рече нашиот стратег, Емил Рајковиќ.