ПОЧЕТНА Интернационалци СЕНЗАЦИЈА: Младеновски и Илирија го срушија шампионот

СЕНЗАЦИЈА: Младеновски и Илирија го срушија шампионот

сподели

Екипата на Илирија направи огромно изненадување во словенечкото првенство. На гости кај шампионот Олимпија, тимот на македонскиот репрезентативец Љубомир Младеновски славеше со 86:81.

Олимпија беше во предност во цело прво полувреме, на периоди водеше и со десет поени разлика последен пат 31:21, но Илирија врати со серија од 16:0. Контролата над резултатот гостите целосно ја презедоа во последната четвртина кога поведоа со девет разлика (78:69).

Олимпија се обиде да го врати водството, дојде до -3, но не и до целосен пресврт. Најтрофејниот словенечки тим во декември имаше пеколен распоред, ова беше негов 13-ти натпревар и кошаркарите не успеаја да го издржат ритамот што е една од причините за поразот.

Младеновски на теренот помина речиси 14 минути за кои постигна шест поени и пет скока.