ПОЧЕТНА Други репрезентации Селекцијата до 20 години, го доби конечниот изглед

Селекцијата до 20 години, го доби конечниот изглед

сподели
mkf.mk

Селекторот Никола Василев има тешка задача пред себе – да избори пласман во елитната дивизија како ултимативен предизвик, односно на ЕП во Бугарија, со неговите избраници да се претстави во најдобро можно светло, како реално очекување.

Македонија патува на исток ослабена, без (оној што требаше да биде лидер) Ненад Димитријевиќ, кој што решил да не настапува за нашата репрезентација на претстојното првенство во Б дивизијата (според информациите од таборот на селекцијата).

Во ситуација кога не игра најдобриот поединец, селекторот за нашиот портал изјави дека во последен момент ја менувал целата стратегија, но и дека тоа нема да биде никакво алиби, туку во Софија ќе се оди со максимална концентрација и желба да се игра кошарка, колку што знаеме и умееме.

mkf.mk
Аплицирајте веднаш за

Од момчињата кои што ќе тргнат кај нашиот сосед, да ја бранат нашата чест, не смееме да бараме нешто за кое што не сме им создале услови. Не смееме да бараме пласман во елитата, кога нашата кошарка не произведува играчи, туку скоро 3 децении е оставено стихијно да се појавуваат таленти, сами по себе.

Но, може да бараме, чесно да се испоти дресот на репрезентацијата. Играјте без притисок, посакувајте и сонувајте го врвот, па што биде, нека биде. Понекогаш, сништата се остваруваат, тоа се покажало многу пати, а најчесто кога не очекуваме.

Еве го ростерот:

Константин Мартиновски - Академија ФМП
Миле Станимировиќ - Вардар
Томислав Петров - Кожув
Никола Кицев - Фени Индустри
Виктор Ефремовски - Работнички
Петар Прентовиќ - Вардар
Дамјан Крстевски - Работнички
Павле Михајлоски - American High School
Ранко Мамузиќ - Кожув
Петар Огњеновиќ - без клуб
Елвис Хот - Вардар
Леонид Тодоровски - МЗТ Скопје Аеродром

Потсетување:

Оваа репрезентација, е истата онаа што 2006-та во Португалија се пласира во А дивизијата, преку финалето во Лисабон, во кое што загубивме од Грузија.

Тоа беше последната наша младинска генерација што не врати во елитната дивизија, од која што излегоа носителите на играта во нашата А селекција, денес.

Тоа се Војдан и Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Трајковски, Кире Николовски, Дарко Соколов, Марјан Јанески, потоа членовите на поширокиот список – Никола Караколев и Александар Штерјов, Предраг Самарџиски кој што веќе не игра за Македонија и уште неколку „пензионирани“ имиња.