ПОЧЕТНА Интернационалци Селекторот се врати во Кувајт

Селекторот се врати во Кувајт

сподели

Неполн месец откако доби отказ од Бани Јас затоа што во исто време беше и селектор на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков најде нов ангажман.

Средината е добра позната – тимот на Ал Кадсиа од Кувајт кој Давитков мошне успешно го водеше во периодот од 2008 до 2011 година. Договорот е потпишан на обострано задоволство: македонскиот стручњак одлично ја познава кошарката во Кувајт, а тамошните љубители на овој спорт исклучително го почитуваат Давитков.

Од првиот престој во Кувајт (фото: приватна колекција на Давитов)

„Во моментот кога се дозна дека сум слободен, добив повеќе понуди од земјите во регионот на Блискиот Исток. По неколкунеделни анализи, одлучив да ја прифатам таа на Ал Кадсиа.

Тоа беше првиот клуб каде најдов ангажман кога станува збор за овој дел од светот и со него за три сезони освоив пет трофеи: три титули во првенството, една во Купот и една во регионалното натпреварување.

Работата во македонската репрезентација сега нема да биде проблем

Направивме договор до крајот на сезоната, а потоа ќе се договараме година за година. Од клубот инсистираа на долгорочна соработка, но јас сметав дека е подобро вака.

Во првенството на Кувајт заврши првата фаза, Ал Кадсиа обезбеди пласман понатаму и сега сите екипи почнуваат „од нула“. Ќе видиме колку и што може да се смени во од, ќе се обидам да го подготвам тимот колку е можно подобро за најважниот дел од сезоната”, изјави Давитков за basketball.mk.