ПОЧЕТНА Други репрезентации Селективни тренинзи за младинските категории

Селективни тренинзи за младинските категории

сподели
U16 (mkf.mk)

Репрезентацијата до 16 години во женска конкуренција ќе одржи селективни тренинзи во Скопје.

Тренинзите ќе се одвиваат во малата сала на „Кале“, а првата прозивка е закажана за в петок, 29. март со почеток во 15:00 часот.

Репрезентација во машка јуниорска конкуренција (до 18 години) ќе учествува на меѓународен пријателски турнир во Босна и Херцеговина, каде што покрај домаќинот ќе настапат Црна Гора и Кантон Сараево.

Селекторот Михаил Наумовски излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во периодот на подготовки пред турнирот.

Повиканите кошаркари треба да се појават на првата прозивка закажана за 29. март (петок) со почеток во 21:00 часот во малата сала на Кале.

Репрезентација во машка кадетска конкуренција (до 16 години) ќе учествува на меѓународен приојателски турнир во Србија, каде што покрај домаќинот ќе настапат Црна Гора и Израел.

Селекторот Денис Дервишевиќ излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во периодот на подготовки пред турнирот.

Повиканите кошаркари треба да се појават на првата прозивка закажана за 29. март (петок) со почеток во 11:00 часот во малата сала на Кале.