ПОЧЕТНА Избор на уредникот Седум децении КК Вардар – гордост на македонската кошарка (ФОТО)

Седум децении КК Вардар – гордост на македонската кошарка (ФОТО)

сподели

Со специјална церемонија, Кошаркарскиот клуб Вардар денеска официјално ја прослави 70-годишнината од своето постоење.

На прославата што се одржа во малата сала на СРЦ “Кале”, актуелното раководство им се заблагодари на сите што во овие седум децении работеа за да го направат Вардар она што е во моментов. Специјални признанија добија долгогодишниот претседател Владо Воиновски, потоа Зоран Гапиќ, Тихомир Матевски, Венцислав Саздов, актуелниот селектор на женската репрезентација на Македонија, а поранешен играч на Вардар, Марјан Лазовски, сегашната “алфа и омега” во клубот Бране Андриевски, целиот стручен штаб, како на првите екипи во машка и женска конкуренција, така и на младинските категории, како и актуелните играчи во КК и ЖКК Вардар.

Благодарници добија истакнати лица од општествениот живот како спортскиот директор на ФК Вардар, Дарко Панчев, претседателот на МОК, Васил Тупурковски, претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски, Општина Центар, Град Скопје, Божидар Јанковски од Дајнерс клуб итн.

Аплицирајте веднаш за

Во рамките на прославата, ревијален натпревар одиграа сегашните и поранешните кошаркари на тимот при што на теренот се појавија многу познати имиња од македонската кошарка.