ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Седуммина позитивни на корона, во Академија ФМП

Седуммина позитивни на корона, во Академија ФМП

сподели
фото: Академија ФМП

Соопштението на скопската екипа, ви го пренесуваме во целост:

„По добиените насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје каде што ни беше посочено дека целиот тим треба да замине во карантин, поради контакт со лица позитивни на Ковид-19 и дополнително да бидат извршени тестирања на одредени членови на екипата.

Од последните тестирања кои беа извршени во текот на вчерашниот ден во консултација со Институтот за јавно здравје, според резултатите кои ги добивме во текот на денешниот ден Ви соопштуваме дека во нашиот тим има 7 позитивни случаи на вирусот Ковид-19, од кои 6 од играчкиот кадар и 1 член на стручниот штаб.

Сите членови позитивни на вирусот се во добра и стабилна состојба, без поголеми нарушувања на своето здравје и истите со останатиот дел од екипата остануваат во самоизолација.

КК Академија ФМП им посакува лесно и брзо справување со вирусот и да се чува сопственото здравје и здравјето на најблиските и да се следат и почитуваат протоколите и препораките зададени од надлежните институции.“