ПОЧЕТНА Европски лиги Сашо Филиповски на клупата на францускиот вицешампион

Сашо Филиповски на клупата на францускиот вицешампион

сподели

Поранешниот тренер на Унион Олимпија, Туров, Локомотив Ростов, Лотоматика, Зјелона Гора и Банвит во новата сезона ќе го предводи тимот на Монако.

На клупата на францускиот вицепрвак, Филиповски доаѓа по двете мошне успешни сезони во Турција каде работеше заедно со Бобан Митев.

Во првата заедно ја освоија титулата во домашниот Куп и го одведоа Банвит до финалето од Лигата на шампионите, а во втората стигнаа до полуфиналето од плеј-офот каде му дадоа силен отпор на шампионот Фенербахче.

Аплицирајте веднаш за

„Ќе се борам да ги остварам амбициите на клубот кој расте од година во година. Се надевам дека навивачите ќе уживаат“, изјави Филиповски на промоцијата.

Освен успесите со Банвит, 43-годишниот стручњак има титули и со Унион Олимпија и Туров.

Монако беше поразен со 2:3 во финалето од францускиот плеј-оф од Ле Ман. Последниот натпревар го играше на домашен терен, но загуби со 74:76.