ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Санс подобри од Феникс, во полуфиналето до 18 години

Санс подобри од Феникс, во полуфиналето до 18 години

сподели
фото: архива

Составот на Партизан Водно Санс, предводен од нашиот прославен поранешен кошаркар Тони Симиќ, победи во првото полуфинале на завршниот турнир во младинска конкуренција.

Совладана беше екипата на Феникс предводена од селекторот на репрезентацијата до 16 години, Денис Дервишевиќ, со 77:58.

Во финалето на фајнал-фор турнирот што се игра во Градски Парк, Санс ќе играат со МЗТ Скопје, по триумфот на аеродромци во вечното дерби со 78:69.