ПОЧЕТНА Избор на уредникот Само ти на светов имаш таква моќ!!!

Само ти на светов имаш таква моќ!!!

сподели

Губиш од аутсајдери, ги победуваш големите шампиони и оние што ги победуваат фаворитите. Тоа го може само МЗТ Скопје. По четири кола во АБА лигата, македонскиот шампион има пораз дома од Задар и на гости од ФМП, победа дома против Партизан и на гости кај Игокеа.

ФМП (+26) е на третата позиција со две победи и два пораза, а МЗТ (-21) на 10-та со идентичен учинок. Кош разликата е решавачка за ваквиот пласман, во случајов директната од меѓусебниот дуел што екипата од Аеродром го загуби во Железник (100:72), поради што е во толкава негатива.

Игокеа славеше против Будуќност – фото АБА лига.

Ако го прежалиме тој натпревар, тогаш ќе мора играчите на МЗТ да си стават прст на чело и да се прашаат себеси, како загубија од Задар?

Аплицирајте веднаш за

Не смеат да ја посакуваат таа победа затоа што тоа е минато, туку треба да научат што не треба да прават и како не треба да играат, со цел да не им се повторат грешките. А не може да не споменеме дека со таа победа, ќе имаа 3/1 и ќе беа во исто купче со Звезда и Будуќност.

Задар се радуваше во Скопје – фото АБА лига.

Статистиката од мечот на МЗТ Скопје кај Игокеа (99:108) вели 22 скока повеќе од домаќинот (46/24), подобар шут за два поена (60.4%/59.1%), подобар шут за три поени (50%/30.8%), подобро изведување на слободните фрлања (78.6%/71.9%), повеќе тимски асистенции (21/14).

Сето ова ги покри двете категории со негативен исход, односно загубените топки (17/7) и украдените топки (4/10), податоци што беа на страната на Игокеа.

Будуќност славеше во Белград – фото АБА лига.

И сето ова, сите овие бројки, на теренот кај противник што претходно ги победи Будуќност дома и Цедевита на гости. Будуќност ја совлада Црвена звезда, а Цедевита е тимот со втор најголем буџет во лигата и финалист минатата сезона.

Да ја победиш најфајтерската екипа, од оние со помали буџети, не со којзнае каков квалитет, туку екипа кај која што не може да си поминеш без добро да бидеш исплескан, е достигнување за почит.

Но, тоа достигнување ќе биде заборавено и ќе биде маргинализирано и ќе биде испратено со сомнежи, ако не ја задржиш формата, ако не продолжиш каде што си тргнал, ако не го крунисаш тој триумф со висок пласман.

МЗТ ја почна сезоната со триумф против Партизан – фото АБА лига.

Да победиш со 99 примени поени, но со 108 постигнати. Твојот клучен поентер под кошот, во решавачкиот интервал од натпреварот да промаши две слободни и да прима поени како да го нема под својот кош, за потоа да постигне тројка преку рака во првите 5 секунди од нападот.

Твојот капитен што се врати по една година пауза, да решета од сите позиции со само два промашени шута на цел натпревар.

Двајцата споменати да врзат две тројки во финалните секунди и да го нокаутираат домаќинот. И да ја натераат публиката да си замине порано од салата. А твојата публика ја нема никаде…

Е тоа, го може, само МЗТ Скопје…