ПОЧЕТНА Други репрезентации Само кадетите во елитата, другите во Б дивизија

Само кадетите во елитата, другите во Б дивизија

сподели
фото: архива (fiba.basketball)

Репрезентацијата до 16 години која што (претходната генерација) се избори за наше учество во А дивизијата, ќе игра со најдобрите на ЕП во Удине, од 9-ти до 17-ти август 2019 година.

Со освојување на 3-то место на ЕП во Сараево во рамките Б дивизијата, преку проектот „Заедно до 16“ организиран од страна на МКФ во соработка со ФИБА, Македонија се врати на елитната кошаркарска мапа, по долгогодишно отсуство.

По осамостојувањето од Југославија, македонските кадети кои што ја учеа југословенската кошарка во беспрекорно поставениот и функционален систем на селекција и тренинзи, беа четврти на ЕП 1995-та година одржано во Португалија, кога за еден поен (73:72) загубивме во дуелот за бронзен медал од Грција.

Аплицирајте веднаш за

Нашите дами до 16 години, ќе играат на ЕП во Б дивизијата во Софија, што ќе се одржува од 15-ти до 24-ти 24 август.

Машката репрезентација до 20 години ќе настапи на ЕП во Б дивизија во португалскиот град во Матосињош, во периодот 12-21 јули.

Јуниорите ќе играат во Орадеа, Романија од 26 јули до 4 август, а јуниорките во Скопје од 5-ти до 14-ти јули.