ПОЧЕТНА Интернационалци Само два за Нено, но витална победа за Хувентуд

Само два за Нено, но витална победа за Хувентуд

сподели

Екипата на нашиот интернационалец извојува битен триумф за задржување на високите позиции на табелата, откако славеше со 77:84 кај Обрадoрио.

Ненад Димитријевиќ реализира 2 поена и имаше една асистенција, но најважно од се е што тимот од Бадалона е во чекор со Валенсија за четвртата позиција пред доигрувањето.

rezultati.com

Во следното коло, овие две екипи директно ќе се пресметаат во Валенсија и ќе решат која ќе биде повисокопласирана од другата.