ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА САМАРЏИСКИ: Подготвени одиме во Гевгелија

САМАРЏИСКИ: Подготвени одиме во Гевгелија

сподели
фото: МЗТ Скопје Аеродром, Петр Стојановски

Првпат во својата богата кариера центарот на МЗТ Скопје гостуваше во Гостивар, пред најдобрата публика во Македонија.

Имаше што да види, спектакл за наши услови, но тој и неговите соиграчи не останаа импресиониани од тоа и си заминаа со двата бода.

„Ова беше многу важна победа за нас, прво поради тоа што немаме право на кикс во домашното првенство, а второ затоа што доаѓа по непланираниот пораз од Динамик. Ни беше важно пред завршницата од Купот да се вратиме на победите и да покажеме дека тоа не беше нашето вистинско лице, тука тоа е ова од мечот со Гостивар.

Аплицирајте веднаш за

Одигравме агресивна одбрана, со контролиран напад, со брза транзиција, со добра скок, добра борба, онака како што треба да играме. Сега се вртиме кон Купот, претстојат, се надевам, три натпревари, одиме чекор по чекор, на секој противник ќе обрнеме внимание.

Имаме време да се одмориме, да се подготвиме и да се обидеме да ја освоиме титулата во тоа натпреварување“, рече Самарџиски за basketball.mk.

МЗТ Скопје е во предност пред своите ривали поради широкиот ростер кој брои 12 играчи од кои сите се способни да преземат дел од одговорноста. Тоа може да се покаже клучно во финишот од сезоната, кога ќе се одлучува за трофеите.

„Во модерната кошарка тоа е многу битно – да се има 12 играчи на кои во секој момент може да се смета. Можно е некој од стартерите или носителите на играта да нема свој ден и важно е да има некој да ги одмени.

Таков беше случајот со Марко Симоновски против Гостивар со своите тројки или Бубе Младеновски кој одигра мошне „машки“ натпревар. Тоа се финеси кои често знаат да бидат одлучувачки“, додаде центарот на МЗТ Скопје.