ПОЧЕТНА АБА Самарџиски МВП на колото во АБА 2

Самарџиски МВП на колото во АБА 2

сподели

МЗТ Скопје ќе има огромно засилување за завршницата од сезоната во која ќе се бори на три фронта и во која не е дозволен кикс.

Периодот на адаптација помина, Предраг Самарџиски игра се подобро и по изданието против Работнички во домашното првенство, блесна и во дуелот со Спарс кој требаше да биде дерби на последното коло, но излезе дека нема никакво резултатско значење.

За 35 минути на теренот центарот на МЗТ Скопје постигна 26 поени, 14 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки и оствари индекс 39, убедливо највисок на натпреварот. Меѓу другото, тој е најдобар скокач и втор стрелец во овој круг.

Но, не само таму, Самарџиски е најкорисен играч во АБА 2 лигата во последното, 22-ро коло. Со тоа им се придружи на Џејмс Вудард, Иве Иванов и Андрија Бојиќ кои оваа сезона го добија истото признание.