ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА САИТИ: Да направиме нешто за овој наш народ

САИТИ: Да направиме нешто за овој наш народ

сподели
mkf.mk

Новиот потпретседател на КФСМ, кој што беше и официјално избран на последната седница на УО на федерацијата, вели дека ова раководство ја сака кошарката, но дека патот до височините каде што треба да бидеме нема да биде лесен.

„Ни претстои период со многу работа. Мене лично, не ме интересираат никакви функции или некакви благодети што ги нудат тие позиции. Јас лично сакам кошарката да ни се врати каде што и е местото.

mkf.mk

Време е да направиме нешто за овој наш народ, да се сплотиме и да работиме заеднички. Ми требаше многу време да се решам на овој чекор, затоа што не ми се напушташе КК Гостивар.“ – ни изјави Бајрамали Саити.

Саити ќе биде потпретседател во гарнитурата на Перо Антиќ, кој што го комплетира најтесниот круг околу себе, во обид да ја изреализира програмата што ја претстави пред изборот за Претседател на КФСМ.