ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Савичевиќ прв асистент, Миловановиќ трет стрелец и „крадец“

Савичевиќ прв асистент, Миловановиќ трет стрелец и „крадец“

сподели

Фантастичниот настап на македонската репрезентација на Европското првенство Б-дивизија во Сараево го зачинија неколку кошаркари со своите индивидуални достигнувања.

Лука Савичевиќ уште од почетокот беше на чело на листата на најдобри додавачи на шампионатот и таму остана до крајот.

Лука Савичевиќ

И по вкупниот број на асистенции и по просекот, тој е на првото место. Оствари вкупно 44 додавања за кош на осумте натпревари или во просек по 5,5.

Аплицирајте веднаш за

Марко Миловановиќ е дел од најдобрата петорка на првенството, а тоа го заслужи со играта и во нападот и во одбраната. Тој е трет стрелец на шампионатот со вкупно 154 поени, 19,3 во просек по натпревар.

Марко Миловановиќ

Истото важи и за категоријата украдени топки каде е трет со вкупно 32, односно 4 по натпревар. Во оваа конкуренција, на четвртото место е уште еден македонски репрезентативец – Гоце Петрушевски со 25 украдени топки (3,1 по натпревар).